Page 40 - Vukov Cvet 2019-20
P. 40
Од минатогодишниот Патронат
Под мотото „Учебник-волшебен килим на знаењето“ на 7.11.2018 г. се одбележа патрониот празник
на Општинското основно училиште „Вук Караџиќ“- Куманово и воедно 73 години од постоењето на
училиштето. Токму на овој ден се празнува раѓањето на патронот на училиштето Вук Караџиќ,
српски лингвист и реформатор на азбуката и јазикот.
Со скромна приредба пред родителите и наставниците, учениците од ООУ „Вук Караџиќ“ ги покажаа
своите вештини во рецитирање, драмски изведби, песни, ора и ритмички точки, ставајќи акцент пред
сe на темата за учебникот, учењето, знаењето и вештините кои учениците ги стекнале во текот на
нивното образование.
Во текот на денот беа организирани и неколку други активности како што се пријателски натпревар
во одбојка меѓу основни училишта, литературно читање со гости од Друштвото на писатели на
Куманово и гости од други основни училишта и читање на наградени литературни творби на
претходно распишаниот конкурс на тема „Учебник- волшебен килим на знаењето“, промција на
училишниот електронски весник „Вуков цвет“, како и ликовна изложба.

