Page 2 - Vukov Cvet 2020-21
P. 2
Неколку зборови за училишниот информатор
„Вуков цвет“
Списанието „Вуков цвет“ е училиштен весник-информатор на ООУ „Вук Караџиќ“, кој излегува како
дел од активностите по повод Патрониот празник на училиштето.
Првиот број е објавен во 1991 година. До 2008 година весникот традиционално излегува во
печатена форма, а потоа неколку години весникот престанува да се издава.
Во 2012 година списанието повторно излегува во печатена форма, а 2013 и 2014 година тоа се
објавува во електронска форма.
Списанието „Вуков цвет“ нѐ информира за:
-Информации за училиштето и неговиот Патрон;
-Учениците кои станале „Ученик на генерација“;
-Ученици кои покажуваат исклучителни резултати во учењето;
-Настани;
-Проекти;
-Тимови и работилници;
-Освоени награди на натпревари;
-Наградени творби од литературен и ликовен конкурс по повод Денот на училиштето;
-Литературно и ликовно катче;
-и др. ;
Оваа учебна 2020/21 година, особена чест и задоволство ни е што списанието излегува во година
кога ООУ „Вук Караџиќ“ прославува 75 години од своето постоење, па покрај информациите за
актуелната учебна година, ќе имаме можност да Ве информираме и да се потсетиме за многу
работи од историјата на 75-годишното постоење на училиштето.
Честит Патронен празник

