Page 3 - Vukov Cvet 2020-21
P. 3

Неколку зборови за нашето училиште










         ОOУ “ВУК КАРАЏИЌ” се наоѓа на улица „Браќа Филиповиќ“ бб недалеку од центарот на градот и го
         покрива реонот на МЗ Тоде Мендол. Училиштето постои 75 години и наставата во него се одвива
         на македонски јазик. Покрај редовната настава во училиштето се реализираат поголем број
         проекти преку кои и наставниците и учениците стекнуваат нови знаења и ги применуваат.
         Програма за млади таленти е наш проект кој со гордост го развиваме. Овде е лесно да се
         реализираат проекти бидејќи имаме тим од квалификувани и мотивирани луѓе.

         Нашето УЧИЛИШТЕ е место каде сите ученици се чувствуваат слободно и безбедно, каде
         максимално ги развиваат своите потенцијли и стануваат компетентни за акција, за донесување
         одлуки, тука стануваат одговорни за свотие постапки и ги знаат своите права, ги почитуваат
         правата и разликите кај другите и активно учествуваат во животот на училиштето – прават
         промени.


          Oсновното училиште “Вук Караџиќ” во Куманово е формирано во далечната 1945 година. Поточно,
          формирана е СРПСКАТА НАРОДНА ШКОЛА на 7.IX 1945 година. Наставата започнува на 16.IX
          1945 година со три паралелки од прво до четврто одделение на српски наставен јазик. Во учебната
          46/47 година Српската народна школа го добива името “Вук Караџиќ” и брои 4 паралелки.
          Училиштето започнува да работи во несоодветни простории и постојано ги менува просториите,
          вклучувајќи ги просториите на Работничкиот универзитет, ОOУ „Крсте Мисирков“, Гимназијата, сè
          до 1955 година кога на ул. “Браќа Филиповиќ” е изградена зграда во која се сместува Српската
          основна школа “Вук Караџиќ”. Во учебната 65/66 година има 24 паралелки. Зградата во која денес
          е сместено Основното општинско училиште “Вук Караџиќ” е изградена во 1974 година. Во период
          помеѓу 1970 и 1990 година, бројот на паралеките и учениците е најголем и изнесувал над 1000
          ученици, а аналогно на тоа се зголемува и наставниот кадар, па во тој период училиштето добива
          и стручна служба. Од 1990 година бројот на учениците опаѓа, а тоа се должи на намалување на
          учениците во паралелките со српски наставен јазик. Наставата на срспки јазик престанува да се
          изведува во 2008 поради нагло опаѓање на интересот за следење на настава српски јазик и
          училиштето продолжува со настава само на македонски јазик.


          Во оваа актуелна учебна година 2020/21 година, училиштето работи со околу 230 ученици, од
          прво до деветто одделение, коишто се групирани во 18 паралелки. Наставата ја реализираат 34
          наставници, 10 во одделенската и 20 во предметна настава, заедно со стучната служба која се
          состои од педагог, психолог и библиотекар, коишто исто така активно учествуваат во сите
          активности во училиштето.
          Најзаслужна личност за одвивање на воспитно-образовната дејност покрај наставниците е и
          директорот на училиштето.

          Интересно е да се спомене дека прв раководител на училиштето бил Радован Пејин, а потоа Драга
          Тодоровиќ, Стојан Димитријевиќ, Олгица Костиќ, Боривоје Ристиќ, Ѓоко Алексиќ, Едита
          Аврамовска, Драгомир Барџиќ, Илија Ѓукиќ, Војо Спасиќ, Марина Стојчевска, Трајан Петровиќ, а од
          2011 година актуелен директор е Надица Петровска.
   1   2   3   4   5   6   7   8