Page 15 - tmp_Neat
P. 15

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОИЗВОДОТ

                   SIT
                   Алкалeн индустриски детергент - универзално средство за чистење

                   Kарактеристики:
                   Холу-SIT  е  високо  концентриран,  алкален  индустриски  детергент  со  висока  мoќ  за
                   разложување  на  масла,  масти  и  нечистотии  за  универзална  употреба  во  работилници,
                   трговија и индустрија при тешки нечистотии.
                   Холу-SIT  нема  соединенија  на  нафта,  бензин,  хлорирани  јаглеводороди  или  други
                   халогенирани јаглеводороди.
                   Холу-SIT лесно се меша со вода во секој однос и е совршен за машини и прочистувачи
                   под висок притисок.
                   Холу-SIT  отстранува  лесно:  масла  и  масти,  атмосферски  нечистотии,  мрсни  саѓи  и
                   остатоци од восок и смола.

                   Оптика:       ниско вискозна, малку жолтеникава, чиста течност, малку парфимирана
                   pH:           околу 14 во концентрат
                                          3
                   Густина:      1,10 g/cm


                   Состав и ефект:
                   Состојки:  анјонски  и  нејонски  сурфактанти,  бази,  sekvestranti,  растворувачи,
                   суспендирачки агенси, парфем.
                   Составот  на  Холу-SIT  е  специјално  дизајниран  за  тешки  нечистотии  во  индустрискиот
                   сектор, како што се масла, масти, саѓи, смоли ...

                   Пенење:
                   Холу-SIT е со мало пенење (погоден за употреба во автомати)

                   Препорака за употреба/можности за примена:
                   Холу-SIT  е  погоден  за  основно,  средното  чистење  и  одржување  на  сите  водоотпорни  и
                   алкално  отпорни  површини,  како  што  се  плочки,  тули,  бетон,  ПВЦ,  асфалт,  керамички
                   плочки, нерѓосувачки челик, челик, тенди, опрема и уреди.
                   ЗАБЕЛЕШКА:  Холу-SIT,  исто  така,  може  да  се  употребува  при  особено  силни,  високо
                   вискозни  (замастени  течни)  нечистотии  разреден  со  топла  вода  со  цел  да  се  постигне
                   подобар ефект на чистење (особено за смоли, восок и високо вискозни масти и масла)
                   ЗАБЕЛЕШКА:  Не  е  погоден  за  не-водоотпорни  и  алкално-чувствителни  површини,  како  и
                   подови од линолеум. Кај пластика се препорачува, отпорноста на материјалот на Холу-SIT
                   да се тестира пред употреба, на невидливо место.

                   Упатство за употреба:
                   За нормално нечистотии (околу 50-150 ml) Холу-SIT на 10 литри вода, во случај на тешки
                   нечистотии, на пр. подови на работилници, разредете со вода 1: 5.
                   За силни нечистотии, оставете го холлу-СИТ да делува 5 до 10 минути по нанесувањето,
                   доколку е потребно поминете со четка, а потоа исчистете или исплакнете.
                   За  отстранување  на  најекстремните  нечистотии  работете  со  неразреден  производ
                   (предходно проверете ја отпорноста на површина!)

                   При употреба во автомат или под висок притисок: разредете го Холу-SIT 1:5 - 1:10 со вода.
                   По чистење на челик, заштитете ги деловите од 'остатоци од корозија.
   10   11   12   13   14   15   16