Page 63 - 10_LiryDram_2016
P. 63

Никола Маџиров
Сенките нè одминуваат
Еден ден ќе се сретнеме
како бротче од хартија и
лубеница што се лади во реката. Немирот на светот
ќе биде со нас. Со дланките
ќе го помрачиме сонцето и со фенер ќе се доближуваме.
Еден ден ветрот нема
да го промени правецот.
Брезата ќе испрати лисја
во нашите чевли пред прагот. Волците ќе тргнат по
нашата невиност.
Пеперутките ќе го остават
својот прав врз нашите образи.
Една старица секое утро
ќе раскажува за нас во чекалната.
И ова што го кажувам е
веќе кажано: го чекаме ветрот
како две знамиња на граничен премин. Еден ден сите сенки
ќе нè одминат.
НИКОЛА МАЏИРОВ (поет, есеист, преведувач) е роден 1973 год. во Струмица. Неговата поезија е преведена на четириесетина јазици. За поезијата од книгата„Преместен камен“ (2007) ја добива германската поетска награда„Хуберт Бурда“ за автори од Централна и Источна Европа, како и наградата„Браќа Миладинови“
на Струшките вечери на поезијата. Според неговите стихови музика компонирал авангардниот американски џез-композитор и соработник на Бјорк (Björk) и Лу Рид (Lou Reed), Оливер Лејк (Oliver Lake). За книгата„Заклучени во градот“ (1999) му е доделена наградата„Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга на Македонија, а за
книгата „Некаде никаде” (1999) наградата „Ацо Караманов”. Настапувал на многубројни книжевни фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии,. Никола Маџиров е еден од координаторите на меѓународната поетска мрежа„Lyrikline“, со седиште во Берлин.
styczeń–marzec 2016 LiryDram 63


































































































   61   62   63   64   65