Page 26 - Vukov Cvet 2019-20
P. 26
Пофалница за успешно учество на
Меѓународниот литературен конкурс
на Светскиот поштенски сојуз
Ученичка Тијана Пуриќ е добитник на Пофалница за успешно учество на Меѓународниот
литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз на тема: „Напиши писмо на својот херој“. Оваа
награда ја додели АД „Пошта на Северна Македонија “ по повод 9 Октомври-Светскиот ден на
поштите. Во конкуренција на стотина ученици од основните училишта, Тијана влезе во тесен избор
од 8 наградени и пофалени ученици, а изборот го направи тричлена комисија во организација на
Сојузот за грижи и воспитување на децата на РСМ, на чело со врвниот писател за деца, Горјан
Петревски. Тијата сега е I година во економското училиште, а наградата во нејзино име ја прими
нејзиниот ментор, професорот по македонски јазик, Николче Јакимовски. Тијана со своето писмо до
нејзиниот херој-Ана Франк, ја прати пораката за страдањата на малата хероина за време на Втората
светска војна, којашто е само еден од примерите за страдањата на децата низ целиот свет. Порака
што треба да допре до оние коишто ги создаваат војните и страдањата на невините жртви треба да
запрат и сите треба да живееме среќни во мир и благосостојба. Овој конкурс воедно има за цел да
ги промовира писмата во ракопис, нешто што полека изумира и е ставено на маргините во замена со
електорнските средства за пишување и комуникација.