Page 27 - Vukov Cvet 2019-20
P. 27
Еразмус+ проекти
Наставникот по македонски јазик, Николче Јакимовски, последователно две години по ред е учесник
на меѓународни проекти од Еразмус + програмата. Во 2018 г. во периодот од 9 до 16 јули во Крајова,
Р. Романија, наставникот беше учесник на тренинг на тема: „Социјално претприемништво (Social
Entrepreneurship, Erasmus +)“. На овој тренинг на којшто имаше учесници од повеќе европски земји,
наставникот имаше можност да учествува на панел-дискусии и работилници од областа на
образованието и да го пренесе своето повеќегодишно искуство како наставник во училиштето. Исто
така, се споредуваа образовните системи во неколку европски земји, се даваа идеи за подобрување
на истите, како и можноста да се развие социјалното претпиемништво во самите училишта. Оваа
2019 година, во периодот од 5 до 12 јули, во Сегедин, Р. Унгарија, наставникот, исто така зеде
учество на тренинг под мотото: „Инвестирање во позитивни промени (Investing in Positive Change,
Erasmus +)“. На овој тренинг имаше можност да се развијат креативни техники и методи за работа
со ученици и млади и секако, насочување на младите кон професионална ориентација и креирање
на нивната подобра иднина, особено кон правилниот избор на професии коишто нудат подобра
економска заработувачка. Имено, професорот Николче Јакимовски е магистер по менаџмент на
човечки ресурси на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања-Скопје, а својот
магистерски труд го одбрани во 2018 г., на тема: „Ставови за пожелните бихевиорални компетенции,
вештини и личносни карактеристики на наставниците во основното образование во Република
Македонија“. Посебен интерес покажува кон негување на македонскиот јазик, мултиетничката
интеграција, како и кон модерните и иновативни текови во образованието, за што има добиено
голем број на сертификати и признанија.