Page 3 - Vukov Cvet 2019-20
P. 3
Интервју со Лука Китановски, ученик на
генерација во учебната 2018/19 год.
Како се чувствуваше во моментот кога ти соопштија дека си избран за ученик на генерација?
Задоволство и гордост е да се биде Првенец на генерација. Tоа е најголемото признание кое ученик
може да го добие во тек на деветгодишно образование, како награда за сите успеси кои ги
постигнав. Среќата во моментот кога се доделуваше признанието за постигнатите резултати и
освоените награди, не можат да се опишат со зборови.
По што ќе ги паметиш твоите училишни денови поминати во ООУ,,Вук Караџиќ ”?
За мене ООУ,,Вук Караџиќ” е училиште каде добив одлични знаења. Со радост ќе се сеќавам на
дните поминати во моето училиште, по стекнатите пријателства, дружењето и созревањето заедно
со моите врсници, по научените животни лекции и моите професори.
Каде го продолжи твоето образование и кои се твоите планови за иднина?
Благодарение на мојата награда, стипендија во Средношколска академија за бизнис и
администрација во Скопје, насока информатика, учам она што го сакам и што ме привлекува, каде
покрај теоретските знаења се стекнувам и со практични знаења. Следниот предизвик се студии,
можеби и надвор од границите на нашата држава.
Која е твојата порака до учениците од ООУ,,Вук Караџиќ” ?
Уживајте во училишните денови и учењето доживувајте го како инвестиција во себе си ! Новите
знаења ни отвораат нови хоризонти и не прават побогати како луѓе. Бидете упорни и никогаш не се
откажувајте од Вашата цел, ќе си ги пронајдете границите само ако ги преминувате. Бидете
одговорни, добри другари и помагајте си меѓусебно. Секогаш ќе наидете на поддршка и разбирање
од професорите од нашето училиште кои се посветени и се грижат за нас, учениците!

