Page 5 - Vukov Cvet 2019-20
P. 5

Ликовна Работилница - Надмини ги


     предрасудите запознај ги Ромите







      Здружението Национален ромски центар организираше ликовна работилница за стереотипи, предрасуди и
      дискриминација која се оддржа на 19.10.2018 (петок) во просториите на ресторант „Грација’’ како дел од
      проектните активности на кампањата „ДОСТА“ Надмини ги предрасудите запознај ги Ромите поддржан од

      советот на Европа.

      Учесници беа ученици од основни и средни училишта од Куманово кои работеа на хамер поделени во групи
      со цел да се влијае врз перцепцијата за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку
      промовирање на вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството.

      Ученици кои беа вклучени во оваа ликовна работилница беа ученици од осмо одделение од ООУ„Вук
      Караџиќ’-Куманово,и тоа беа следните пет ученика: Ана Лазаревска-VIII/1, Александра Цветковска-VIII/1,

      Ангела Трајчевска-VIII/1, Теодора Костовска-VIII/2, Андреа Пуриќ-VIII/2.
   1   2   3   4   5   6   7   8   9   10