Page 120 - 11_LiryDram_2016
P. 120
Лидија Димковска
Балада за бегалците на тетка Елзе
Ладно е во Шлосберг. Печките се полни
со нашите нокти и влакна. Лифтот со јаглен и ќибрити
остана заглавен среде фризерницата кај Градската порта.
Таму бесплатно ни ги потстрижаа кркмите
и сега се огледуваме едни во други, pH неутрални.
Кога тетка Елзе ни ги доплетува калчуните
си играме пикадо: таа со сината игла во нашето,
ние со црвената во нејзиното срце. Gruss gott.
Фластерот ја сопира крвта од раната,
а ја забрзува азилната постапка.
И љубовта. Ќе биде, вели тетка Елзе.
Која прва ни рече: „Ајде, Европа не јаде луѓе“,
и нè бодреше придушено, а градите и` се креваа како на доилка, потпрена до решетките на планината кога задишани
ги заривавме челата во магичните коцки со воздух
и не знаевме дали бегството заврши или тукушто започна.
„Еве“, рече, „овде мрежата е отплетена, а потоа сè ќе биде добро, ова не се лисици, ова се само стегачи за раце што ги исплетов сама“. Рачна изработка, црвен печат за квалитет.
Стегач по стегач, во стисокот станавме нејзини и таа наша. Границата беше само проширена вена што може да се прескокне. Како ластик, како поле за плочка, или Нека бие, нека бие....
Во Шлосберг тепихот има седум полиња,
за секој континент по една плочка и една за тетка Елзе.
Животот е вежба за еден друг живот
кој не чука на вратата на слабите ученици.
За да нема повторувачи, тетка Елзе пред спиење нè бакнува в чело, а ноќе од под покривката ни ги извлекува рацете
како на илустрација во детско списание.
Околу чашите со B-Complex
B3 и B6 чинат Гордиев јазол од нашите црева.
Наутро тетка Елзе нема повеќе првут,
118 LiryDram kwiecień–czerwiec 2016