Page 122 - 11_LiryDram_2016
P. 122
а ни ние рамни стапала. Јадеме штрудла со јаболка.
Така било отсекогаш: треба да се остане во форма,
да се залаже времето фрлено во спортската торба зад вратата.
Низ оџакот им мавтаме на децата што во редици доаѓаат
на настава по животни искуства.
Ова, деца, се бегалци, вели учителката.
А од што бегаат, учителке?
Од надгробни фотографии.
Тетка Елзе околу вратот носи фотоапарат Смена.
Во ветви алишта им мачкаме на децата бајат леб со три капки масло за јадење
или со грст шеќер (за сè плати училиштето).
Децата јадат и блујат и потоа лижат сплескани бонбони од јагода
што секој од нас долго ги чувал во џебот од тренерката.
Така современите деца се здобиваат со сеќавања,
а ние не забораваме на нашите потекла.
Тетка Елзе им зема и ним мерка за стегачи за раце.
Во црната чантичка на учителката со натпис Pink Bag
40 дена отстојуваат мелени лушпи од јајца,
потоа ќе ги измеша со мајонез и кечап и со нив ќе ги смирува
учениците што се кикотат во задната клупа:
„Вчера вратата на трамвајот за малку ќе и` ја скинеше главата на мама, па денес отиде на работа јавајќи ја шпанската дога“.
Нашите мајки одеа на работа со чорапи преку чизмите,
затоа толку далеку од дома стигнавме ние.
Градот виси над нас како полица што попушта под тешки речници,
ги земаме еден по друг и ги ставаме на глава
трчајќи меѓу Херенгасе и Мура, бегалци in praesentia.
Врз стегачот наместо часовник носиме рачен мерач на крвен притисок, јазикот е лифт помеѓу љубовни систоли и дијастоли.
Нозете уште во детството го допреа дното,
а некои и границата. Тагата е ортопедска грешка, вели тетка Елзе.
И ете, градскиот базен нè повикува на терапија:
„Пливајте 40 дена како што пливал Исус
во окото на Отецот, бидете витки и здрави,
водата за бегалец е најдобра масажа, затоа Исус ја издржа Голготата, поминете го Божиќниот пост во костум за капење,
120 LiryDram kwiecień–czerwiec 2016