Page 124 - 11_LiryDram_2016
P. 124

опуштете се, и Исус се опуштал кога газел по водата“.
Ја гледаме прашално тетка Елзе, а таа го превртува песочниот часовник. Време е папокот да се вовлече, јазикот да се испружи,
во ќесичката од новогодишното синдикално пакетче
секој да си тури прашок за перење и малку пепел.
Молбите се невешто напишани, машините за перење полни,
но кој гледа – ќе види, а кој пере – врз јаже ќе се спростре.
Празници се сите денови во кои на новородените
не им се појавуваме во соништата.
Тогаш улицата под замокот ја викаме нагалено
поради годишнината на народниот херој.
На тетка Елзе и` е мило. Сега сте само мои, вели,
но лека-полека ќе станете и нивни. А колку херои
има отаде реката? За секој бегалец по еден прст од ногата и еден од раката. Го посетивме градското родилиште. На големо платно во холот
се врти рекламата за детето што плаче и се удира од подот
заради чоколада, а таткото црвенее од срам. Ти реков, use a condom.
Два реда мешалки за бетон – мевови што се извиваат во танц,
родилки што зреат со своите синови во инкубатор
додека девојчињата се раѓаат со моминско презиме.
А ние сме бегалци не само зашто бегаме туку и за да бегаме.
Од ехото на зародокот во ходникот, од срцевото цик-цак,
од кислородот во радијаторите. Тетка Елзе
на татковците легнати на боксовите им дели стегачи за раце.
Убаво е кога рацете се стегаат прекрстени во столче.
Седиме на нив и чекаме одговор.
Власта праќа електронски пораки со црвен извичник.
Сака да останеме бегалци, ранлива категорија што може да се вовре
низ иглени уши, нова марка микрочипови.
Новинарите јавиле дека можеме, па носиме број XS,
ама папките се клинички случаи, дебели XXL.
За папките ќе најдеме решение. Ќе ја испратиме тетка Елзе
во црковната печатница, таму ќе ни ги истенчат досиејата
на библиска хартија. Само миг е потребен и животот е веќе свет.
Па и не беше долго ова чекање.
А тетка Елзе во петок ги одмора забите од протезата
што самее во пластично канче во бањата,
122 LiryDram kwiecień–czerwiec 2016


































































































   122   123   124   125   126