Page 126 - 11_LiryDram_2016
P. 126

сите прозорци и врати се затворени, вакуумот, вели, ги одржува и луѓето и апаратите долговечни, сркаме течна супа и сок од домати,
генерално чистење на божјите наслаги,
потоа исполегнати на подот придушено се смееме
оти тетка Елзе, всушност, не излегува од дома
за да не ја сретне по пат смртта
што секој петок се шмугнува од задниот влез на Кунстхале и може да се пикне во нашата папка.
Љубовта се мери во квадратни метри.
Ние сме бегалци, знаеме како да и` побегнеме на смртта,
но тетка Елзе нема искуство со мамење судбина.
И секој од нас со хартиите од папката
и` прави оригами во трендовски црно-бел дизајн
со син печат во средината и с.р. потпис.
Божем завиткуваме учебници во листови од стар календар. Дванаесет предмети – дванаесет месеци,
а тетратките во целофанот што остана од теглите за зимница. Сите бегалци на овој свет имаат и пол и сеќавања.
Ќе се плотиме, ќе се множиме, ќе се делиме.
Во пасошот секој мора да е сам, дури и неродено дете,
само ние сме свиткан список во пасошот на тетка Елзе.
Ако побегнеш, не зборувај со туѓи луѓе во странство
за секс и за политика, ни беа рекле тетките по мајчина страна. За првото ќе те затворат, за второто ќе те убијат.
И никој не зборува. А молкот е сам и секс и политика.
Тетка Елзе ги шири рацете како Медеја,
но не нè дава. „Затворени сме оти в петок не носам протеза,
но кога човек е затворен со рамни на себе нема кој да го убие.“ Мудра и блага е тетка Елзе како слатка пченица.
Со неа може да се живее во прогонство
како во планинарски дом. Подот крцка кога сме надвор, огништето баботи, планината се претвора во рамница.
Во петок и нашето себство се стерилизира.
Ама глеј, низ окцето на вратата со напукнато стакленце наеднаш продре оса, ни збрмчи омаена околу главите,
се вџаси од нашите Lego идентитети
124 LiryDram kwiecień–czerwiec 2016


































































































   124   125   126   127   128