Page 128 - 11_LiryDram_2016
P. 128
и трогната од временските разлики помеѓу внатре и надвор ја касна тетка Елзе за вратот, над биоенергетскиот ѓердан. Имавме став за смртта, но не знаевме што е тоа умирање во земја кај што умирањето е препорачана пратка,
а смртта – електронска порака, во нашите земји, пак, незалепена телеграма. И еве ја тетка Елзе лежи врз нашите оригами и умира,
а ние спаруваме крпени чорапи и плачеме,
монистите од ѓерданот ни се зеници и лупи,
слепите прогледуваат, но тетка Елзе не воскреснува,
бегалец еднаш, засекогаш бегалец останува.
Во капелата свештениците ги истегнуваат рацете кон Бога, еден-два-три-три, два-два-три-три,
утринска гимнастика за цврсти мускули,
духот и телото не се делат ни во молитвата,
а ние мораме да се разделиме од тетка Елзе.
Месојадна беше или вегетаријанка?, нè прашаа во управата,
но не можевме да се сетиме. Кога беше едното не беше другото
и обратно. Сега сте сирачиња, рече хостесата.
И со нокте ја затвори печката. Вратата ни ги фати прстите.
Секој во својата уста си ги исцица своите.
Печатот врз нашите стегачи помодре.
Крематориумот е еко и веги систем.
Како од грнчарско тркало од него излегува вазичка со пепел.
Кому му е потребен во спалната ковчег со труп?
Гробот е месојад. Во нашите земји и најголем.
Божем пес што се вдомил кај месар. Или во градска месарница.
Само по инерција мртвите се ставаат во кутија, а не во хартија
и пластично ќесе. И гробот ги јаде, ги џвака, ги меле,
лакомо, ненаситно, со отпетлана облека. По некое ковче
фрла зад капелата за среќа. И потоа заспива до следната вечера.
А мртви има и на овој и на оној свет.
Од телото на тетка Елзе се стопли печката во Шлосберг.
Последната ноќ во неа ќе ја потпалиме нејзината волница.
Ќе прпори огнот и ќе најавува гости што никој не ги чека.
Утре градските служби ќе нè раселат низ азилните центри на Европа. Бегалец еднаш засекогаш без бегство останува.
А сега да јадеме земички со салама и кашкавал,
126 LiryDram kwiecień–czerwiec 2016