Page 130 - 11_LiryDram_2016
P. 130
како на старите, добри погреби во родните земји
(татковци и ден-денес имаме, но татковини не)
кога приградските автобуси носеа кутии со бели земички,
тие празнични дарови за ближните на мртвите.
Сигурно испраќала и тетка Елзе. Без која нашата болка
прска во очите на свештениците како мозолка.
И тетка Елзе никогаш повеќе нема да рече:
„Да ја започнеме седмицата со чиста тоалетна школка“.
Со чисто огледало во кое здивот е божјо послание.
Вкусни се овие земички, како компас во нашата судбина.
Лево од нас се гробиштата на месојадните, десно на веги мртовците, лесно може да се провнеш во средината и да те снема,
но каде човек да замине, во кое море да влезе брадосан,
а да излезе со мазна кожа? Како да се стане продавач
на банани на плажа и уште повеќе, како да се извикне
„Vitamins for Sex Machine!“ За секс и за политика
не се зборува во туѓа земја. Историјата е караоке:
го повторува она што животот го научил од книга.
По погребот сите ќе отидат на распродажба во голема стоковна куќа за да се пресоблечат од црнината,
само ние голи ќе се пикнеме во големиот ковчег за багаж Thule
врз автобусчето на тетка Елзе, ќе го спуштиме капакот врз нас,
ќе се фатиме за стегачите за раце и како оригами
на ветре крај отворен прозорец ќе полетаме и ние
не нагоре, туку удолу, низ дурбинот на сопствената крв,
на заемната слобода. Тетка Елзе, тетка Елзе,
секој друг може да побегне, само бегалецот не.
128 LiryDram kwiecień–czerwiec 2016