Page 54 - 10_LiryDram_2016
P. 54
IGOR STANOJOSKI to macedoński językoznawca
i powieściopisarz. Urodził
się w Kopenhadze, ale większość życia spędził
w Macedonii. Skończył studia w Skopje na Wydziale
Filologicznym na Katedrze Macedonistyki oraz literaturoznawstwa ogólnego
i porównawczego. W latach 2003–2006 oraz 2008–2009 pracował na Uniwersytecie Lwowskim. Od 2005 r. do 2009 r. pracował na Uniwersytecie Śląskim w Sosnowcu,
a w latach 2009–2010 na Uniwersytecie Masaryka w Brnie. W 2009 r. obronił doktorat z zakresu językoznawstwa na Uniwersytecie Śląskim. Jest autorem pięciu książek z zakresu językoznawstwa, oraz powieści Gargara. Finalista konkursu „Powieść roku 2014” według macedońskiej gazety „Utrinski wesnik”. Obecnie mieszka i pracuje w Skopje.
ИГОР СТАНОЈОСКИ е македонски лингвист и романсиер. Роден е на 23 мај 1979 година во Копенхаген. Дипломира во 2002 година во Скопје на Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ на катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска)
и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Од 2014
година е доцент на Филолошкиот факултет
на Универзитетот„Гоце Делчев“ во Штип. Докторира во Полска во 2009 година со темата„Проблемот на интерференциите при изучувањето на македонскиот јазик во Полска и Украина“. Автор е на 5 книги од областа
на лингвистиката и на романот„Гаргара“, финалист на конкурсот„Роман на годината 2014“, организиран од„Утрински весник“.
54 LiryDram
styczeń–marzec 2016
2004 година може да се зборува, кога во 2010 година одново на изборите победи Јанукович.
Што мислиш за случувањата во Украина од 2013 година наваму?
Е, тоа би можело да се нарече револуција. Во Украина тоа го нарекуваат Револуција на достоинството, но јас би го нарекол Револуција на наивноста. Во денешно време изманипулирани сме сите. Една од моите омилени изреки е: Ако си убеден дека никој не манипулира со тебе, значи си во раце на професионалци. Но, манипулацијата наречена Евромајдан ги надмина сите очекувања.
Уште нешто: тажно ми е кога гледам колку лесно наседнуваме ние, Словените, на увозни манипулации кои имаат за цел да нè свртат едни против други. Некој профитира од новата украинска русофобија.
За време на еден наш разговор рече дека ја сакаш Варшава. И дека варшавјаните се подобри од Шлезијците и краковјаните. Зошто? Имаше ли можност поблиску да ги запознаеш тие луѓе? Дали Варшава ти се поврзува со некои убави доживувања? Можеш ли да ни откриеш малку од твоите тајни?
Сосема возможно е да сум рекол така, ама не би ја повторил таа изјава. Во Шлезија минав 4 бесценети години од својот живот, дружејќи се со Шлезијци. Варшава ја посетив неколкупати и секогаш се чувствував убаво. Варшавјаните се поотворени, а тоа е малку необично, бидејќи најчесто луѓето од главните градови се позатворени. Општо земено, кај Полјаците најмногу ја ценам искреноста.
Кога можеме да го очекуваме Твојот следен роман?